Упатство за користење маски во контекст на КОВИД-19
Offered By: OpenWHO
Course Description
Overview
Во овој курс се обезбедува преглед на упатството за маски како што е наведено во "Користење на маски во контекст на КОВИД-19".
Оваа обука е предвидена за здравствените работници, креаторите на одлуки и за јавноста и го опфаќа правилното користење на маски за средини во кои се обезбедуваат здравствени услуги и во рамките на средина во заедницата.
Фотографии: СЗО / Блинк Медиа – Е. Џаби; СЗО/ Блинк Медиа – М. Аим
Syllabus
Course information
Овој курс е исто така достапен на следниве јазици:
English - Shqip - chiShona
Преглед: Употребата на маски е дел од сеопфатниот пакет за мерки за спречување и контрола за ограничување на ширењето на SARS-CoV-2, вирусот кој предизвикува КОВИД-19. Оваа обука се заснова на научни докази и упатството на СЗО кое е релевантно за употребата на маски за намалување на ширењето на SARS-CoV-2 во различни средини. Со овој курс се таргетираат креатори на одлуки, експерти за Спречување и контрола на зараза, здравствени работници и општата јавност.
Овој курс се заснова на упатствата на СЗО и истиот ќе се ревидира со појавата на нови докази.
Цели за учење: До крајот на овој курс, ќе можете:
- Да ги опишете начелата за безбедно ракување и носење на маски;
- Да ги опишете препораките за користење на маски во здравствени средини;
- Да ги опишете препораките за користење на маски во рамките на заедница; и
- Да ги опишете препорачаните платнени маски, вклучително со борјот на слоеви и состав на маската.
Времетраење на курсот: Приближно 1 час.
Сертификати: За учесниците кои ќе освојат најмалку 80% од вкупните достапни поени во сите квизови ќе се додели Сертификат за постигнат успех. Учесниците кои добиваат Рекорд за достигнување, исто така, можат да преземат Отворена значка за овој курс. Кликнете овде за да научите како.
Корисни линкови и ресурси:
Совети за јавноста за заболувањето со Коронавирус (КОВИД-19): Кога и како да се користат маски
- Техничко упатство на СЗО за кога и како да се користат маски
- Како се носи медицинска маска
- Како се носи платнена маска
Преведено на македонски јазик од Guidance on mask use in the context of COVID-19, 2021. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење.
Course contents
Модул 1: Вовед:
До крајот на овој модул, ќе можете: да опишете како се шири КОВИД-19; да ги објасните 5те препорачани мерки за да се спречи ширењето на КОВИД-19; да разберете што е вклучено во упатството за маски и да опишете како се користат маските, кои видови маски се користат и кога се користат.Модул 2: Средина во која се обезбедуваат здравствени услуги:
До крајот на овој модул, ќе можете: да опишете кои маски се препорачуваат да се користат за нега на пациенти заболени со КОВИД-19; да разберете кои маски се препорачува да се користат за секое сценарио за пренос; да објасните какви маски се потребни за здравствените работници и да ја опишете разликата меѓу термините „универзално носење маски“ наспроти „таргетирано носење маски“.Модул 3: Средина во заедницата:
До крајот на овој модул, ќе можете: да опишете кога се носи маска во рамките на заедница; да објасните кои маски се препорачуваат за конкретни под-групи во заедницата и да разберете дали маската се препорачува за конкретни активности во рамките на заедницата.
Related Courses
80028094 - JHACH On-Demand CME 32522: COVID-19: Where Are We Now? Allison F. Messina, MDJohns Hopkins University via Independent Applied Bioinformatics
Coursera Asian American History and Identity: An Anti-Racism Toolkit
University of Colorado Boulder via Coursera COVID-19 Training for Healthcare Workers
Stanford University via edX Drug Discovery in Prevention and Treatment of COVID-19
Tsinghua University via edX